Проектил падна во египетски туристички град – има загинати

Експлозијата одекна во петокот наутро во египетскиот туристички град Таба во близина на границата со Израел, објавија медиуми.



Египетскиот телевизиски канал „Ал Кахера“ прецизира дека како последица на експлозијата загинале три лица, шестмина се повредени, а била оштетена и станбена зграда.

Според извори на Ал Кахера, експлозијата е поврзана со тековниот конфликт меѓу Израел и Појасот Газа.

Ракета дошла од Појасот Газа и експлодирала во станбена зградЕгипетската војска истражува кој ја истрелал ракетата, како и нејзиниот тип.

За возврат, израелската војска соопшти дека знаела за инцидентот во Таба, „но тој се случил надвор од границите на Израел“.

Таба е туристички град со 7.0000 жители на брегот на Црвеното Море лоциран спроти израелскиот пристанишен град Еилат.