Продуцент проговори за Манчевски: Должел на филмаџии а земал баснословен хонорар

Филмскиот продуцент Иво Антов реагира на видеото во кое прославениот режисер Милчо Манчевски се жали дека бил жртва на дискриминација во филмскиот бизнис.



Антов кој зад себе има сериозна биографија како продуцент го споделува текстот на expres.mk во кој на Манчевски му се обраќа актерот Владимир Јачев.

Антов открива дека добивал закани од Манчевски дека ќе биде избришан од листата на луѓе кои го правеле филмот.

,,Манчевски во филмот што му го продуцирав, ,,Сенки”, сам на себе си исплати нето хонорар од 1 милион евра, должејќи попат на едно чудо луѓе. Коа му реков дека ќе го тужам, рече и дека од шпица ќе ме исфрли. Филмот пропадна, ама он се искешира јако”, пишува Антов кој важи за еден од покоректните македонски филмски продуценти.