Продолжува ударот врз ДУИ за трагедијата во Тетово

Дојче Веле на Македонски јазик продолжува со извештаите во кои анализира дека одговорноста за трагедијата во Тетово треба да се бара во менаџментот со болницата.



Дојче веле не навлегува ниту истражува како воопшто дошло до градба на болницата каде што одговорноста најверојатно лежи во министрите на СДСМ Филипче и Шахпаска и други функционери во институциите под контрола на Зоран Заев.

“Од меѓународната кредитна институција за ДВ објаснуваат дека модуларната болница во Тетово била градена според меѓународните и домашните стандарди.
Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, велат од Светска банка за Дојче веле, по пожарот во модуларната болница кој однесе 14 човечки животи. Тендерот за изградба на тетовската, како и на останатите 16 модуларни болници ширум земјата во октомври 2020 година беше спроведен согласно домашната регулатива и правилата на Светска банка, од каде македонската влада зеде заем од 3,8 милиони евра”, објави Дојче Веле.

ДВ деновиве ја објави проектната листа за модуларната болница во Тетово во која беа наведени надлежностите на централната и локалната власт, како и на првите луѓе на тетовската Клиника. Од Општина Тетово веќе излегоа со тврдење дека тие немале никаква надлежност во фазите од изградбата и контролата на објектот. Од надлежните во болницата досега немаше никаква реакција што се должи и на тековната истрага во која се опфатени. ДВ побара дополнителни информации и од други лица вклучени во проектот, но и тие одбија да зборуваат поради тековната истрага.

“Во јавноста се поставија многу дилеми за пожарот во болницата кои се однесуваат на квалитетот на објектот, неговото менаџирање и надлежностите.
Сведоци на трагедијата, која се случи на 8 септември и во која настрадаа 14 луѓе, за ДВ тврдеа дека во модуларната болница немало ни противпожарни апарати, па пожарот првично се гаснел со пластични садови за вода”, пишува македонската редакција на германскиот државен медиум.

Повеќе детали на ДВ