Нов маратон се случил синоќа во апелациониот суд каде се одвиваше судење за 27 април.
И покрај официјалната реакција од невладината организација “Коалиција за правично судење” и барањето судот да запре со предолги рочишта и вчера над 13 часа обвинетите седеа во судница.
За два дена неделава обвинетите вкупно 25 часа беа на судење што е невообичаено на судската практика но и за Европскиот суд за човекови права во Стразбур каде има повеќе пресуди за вакви случаи.
За експертите во овој случај е дилема само дали се работи за тортура или повреда на право на одбрана но дефинитивно се кршат меѓународните стандарди за правично судење.
За судот и дел од судиите вината за долготрајноста е кај адвокатите и обвинетите кои го користеле правото да поставуваат прашања и да се бранат во драконското обвинение.
Судиите кои ги држат обвинетите по 13 часа не ја гледаат вината кај себе иако закажуваат по 4 сведоци на ден и по неколку судења неделно кои траат повеќе од 10 часа на ден.
Коалицијата за правично судење по првичната реакција пред три недели, сега ја нема да реагира за малтретирањето на обвинетите.





