Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека и денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат
Минималната температура ќе се движи во интервал од еден до 10 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 28 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град изнесува шест степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени Целсиусови.
Според синоптичарите, до четврток во земјава ќе се задржи прeтежно сончево и релативно топло време, а по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок се очекува облачноста да се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, посвежо и врнежливо време.






