Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе.
Судењето за пожарот почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.
Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.
Граѓаните преку социјалните мрежи повикуваат на мирен граѓански протест пред тетовскиот суд за поддршка на д-р Бобан Вучевски со образложување дека за пожарот не постои лекарска вина и нема логика доктор да одговара за тоа.







