Утре (ПЕТОК) во 10.00 часот во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето на познатиот кардиолог Жан Митрев и неговата клиника.
Судењето продолжува откако предходно дел од тужителите кои се и сведоци на обвинителството признаа дека Митрев воопшто не инсистирал да се дава хемофилтрација што е формална основа за прогонот против лекарот.
Во позадина на прогонот на Митрев е обидот на една група на политичари помогнати од новинари да ја преземат клиниката Жан Митрев преку странски инвеститори.
Преходно пропадна другиот судски процес против Митрев кој беше обвинет дека немал право да го користи методот на хемофилтрација.
По признанието на сведок на обвинителството дека Митрев не само што не инсистирал да се дава хемофилтрација туку и не дозволувал да се дава овој метод иако пациентие тоа го барале, случајот е пред затварање затоа што пропадна формалната основа на обвинителството за прогон на Митрев.
Прогонот на Митрев почна со координирана акција на еден медиум и претставници на повеќе државни институции кои само неколку часа по емисијата влегоа во клиниката Жан Митрев како да влегуваат во седиште на Нарко картел.
За многумина во јавноста е извесно дека и медиуми и државни инспекции биле злоупотребени од моќни политичари и бизнисмени со цел да извршат притисок против Митрев за тој да ја продаде клиниката.
По објавување на ТВ емисијата за Митрев каде од над еден час и половина снимен материјал со него биле објавени само стотина секунди, цената на клиниката паднала за десетици милиони евра по што заинтересираните инвеститори сакале клиниката да ја купат за многу помалку пари од првично понудените.
Пред еден месец Митрев објави дека прекинуваат преговорите за продажба на клиниката со што таа останува под контрола на македонскиот лекар.






