Според најавата на телевизија Алфа вечерва во 22.30 ќе се емитува вториот дел од разговорот со режисерот на Трето Полувреме Дарко Митревски.
Темите според најавата како и во првиот дел емитуван вчера повторно шокантни:
Дали Македонија денеска е лабораториска квинслиншка творба како НДХ?
Дали го исфрлија АСНОМ од уставот и го уништија антифашистичкиот наратив на независноста?
Има ли за наука компромис: Дали два идиоти од македонска страна и два идиоти од грчка страна се четири идиоти?
Преспанскиот договор не е валиден тоа е глуп договор, дали наша задача е да го избришеме?
Кој смее на суверена земја да и чепне во уставот, може ли некој да каже дека Вашингтон не бил Американец?
Дали Бугарија три војни изгубила за Македонија и пак не се откажува од историскиот срам?
Дали Македонија за бугарските политичари е како убавата девојка која не ги сакала во средно училиште?
Дали Македонија поради историските контексти смееше со Бугарија да преговара во Берлин?
Дали Кољо шпиунот од партизанските приказни денес ни е министер во Владата?
Зошто од Киро Глигоров кому и американците му се обраќаа со почит спаднавме на “Кај си бе хубави”?
Смее ли на Заев и Димитров влакно да им фали на улица, или тие мора да бидат судени пред суд за велепредавство?
Дали Југославија била прикриена членка на НАТО
Како Американците се однесуваат со луѓе со став а како со “Муфљузи”?
И многу други теми во 22.30 во ЗАСПИЈ АКО МОЖЕШ која ќе се емитува во живо и на Фејсбук профилот на ТВ Алфа
За тие што го пропуштија првиот дел емитуван вчера:






