Не запира резилот во Владата во врска со конотоа на македонското небо откако премиерот и министрите попладнево се повлекле од предлогот Илир Мехмеди да биде директор на МНАВ.
Додека траела седница на која беше предложен Мехмеди била донесена нова одлука оваа институција да добие нов директор, трет во ист ден.
За Мехмеди претходно медиумите открија дека според државната ревизија направил финансиски проневери додека бил директор на АЦВ
Промената доаѓа откако било утврдено дека првичниот предлог, Илир Мехмеди, не ги исполнува условите за функцијата за која го предлага Владата затоа што немал валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, имал најмалку шестгодишно работно искуство како контролор, објави 360 степени.
Најновиот предлог – Хекуран Асани, е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнувал барањата предвидени со Статутот на М-НАВ.
Пред една недела министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека нема да има промени во МНАВ затоа што се било во ред.






