Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев за МИА изјавија дека потрагата по телото на 55-годишната женакоја скокна во Вардарт на новогодишната ноќ продолжува и денеска.
Вчера, се трагаше по неа низводно по реката Вардар до сливот на реката Бабуна.
Најави дека освен полицијата, пожарникарите од Велес и кајакари, според првичните најави, од утре истрагата ќе биде засилена и со екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, а има најави и за вклучување на екипи од Дирекцијата за заштита и спасување.
„Педесет и петгодишната жена на 31 декември во 35 минути по полноќ се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес.
Во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М. од Скопје пријавил во СВР Велес дека од домот се оддалечила неговата 55-годишна сестра М.К од велешкото село Сојаклари.







