Продолжува потрагата по двајца македонски државјани кои вчера биле однесени од морските струи на плажата Мити на првиот крак Касандра на Халидики.
Според грчките медиуми, исчезнатите се на возраст од 28 и 30 години, додека третиот кој е спасен со чамец на Крајбрежната стража е на 25-годишна возраст.
Трите момчеиња вчера по роденденска прослава решиле да се искапат кога силните струи ги повлекле и постепено исчезнале од видното поле на останатите во Посиди на Халкидики, пиишува „Еуроњуз“ .
Спасувачите го проначле едното момче кое, според очевидците, испило многу вода и било пренесно во болница, но по укажаната прва помош опасноста била избегната.
За пронаоѓање на дригите двајца се ангажирани бродови и хеликоптери и интензивно се трага во текот на попладневните часови.







