Бугарски активисти, организирани и координирани од владини структури во Софија, продолжуваат со измислици и лаги систематски да вршат ,,интернет тортура” врз македонската реалност.
Последна жртва на историскиот ревизионизам на Софија е авторот на филмот Трето полувреме Дарко Митревски.
Митревски кој го режираше Трето Полувреме, еден од најгледаните македонски филмови кој говори за бугарската фашистичка окупација на Македонија во втората светска војна и предходно бил мета на бугарски политичари.
Тој во најновата бугарска верзија на објаснувањето за Трето полувреме на Википедија е наречен Србин.
„Трето полувреме“ е филм од 2012 година, од Република Северна Македонија, на режисерот србин по таткова линија Дарко Митревски”, пишува Википедија на пост на бугарски јазик.

Во друг пост за него на бугарски на Википедија Митревски се нарекува Северномакедонец.

Група бугарски политичари уште во 2013 година пред европските институции започнаа притисок врз Митревски поради филмот Трето полувреме.
Митревски се смета за автор на слоганот ,,Никогаш северна само Македонија”.






