До 14 август е продолжена анти ковид мерката за влез за државјани на трети земји – значи и за Македонија – во Грција, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи која стапи во сила денеска.
Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.




