Продолжен мандатот на Столтенберг на чело на НАТО

На Генералниот секретар Јенс Столтенберг продолжен му е мандатот на чело на НАТО за уште две години, до 30 септември 2022 година, одлучија денеска земјите членки на Северноатлантската алијанса.



Сојузниците ја изразиле нивната поддршка за работата на генералниот секретар за „прилагодување и модернизација“ на Алијансата, стои во соопштението на НАТО.

Јенс Столтенберг е тринаесеттиот генерален секретар на Алијансата од 1952 година.