“Продажба на прдежи”: Реакции за ставот дека Албанците немаат чувства за фудбалската репрезентација

Многу реакции со високи емоции за колумната на професорот Мухамер Пајазити, која ја објавува ИНА а во која тој тврди дека мнозинството Албанци немаат чувства за македонската фудбалска репрезентација која игра на европското првенство и во која настапуваат повеќе Албанци.



На фејсбук – страницата на агенцијата ИНА која ја пренесува колумната можат да се прочитаат коментари на повеќе граѓани Албанци како реакции на оваа колумна:

„Сега кога во првата постава на репрезентацијата се вклучени половина Албанци продаваме прдежи. Низ некои портали во Албанија може да се прочита дека играчите – Албанци ги обвинуваат како предавници и не-Албанци. Но, тие треба да разберат дека нашата татковина е Македонија, бидејќи тука се закопани коските на нашите дедовци. Доста со овие фори. Утре вечер да ја гледаме со задоволство играта со надеж дека еден од нашите фудбалери ќе постигне гол.“, пишува еден читател и фан на македонската фудбалска репрезентација по што следуваат повеќе други коментари.

„Албанците ја сакаат оваа држава, бидејќи е и нивна. Што се однесува до репрезентацијата немаат толку силни чувства кон неа, бидејќи Фудбалската федерација на македонија не стори ништо и Албанците да ја чувствуваат химната (песна што е компонирана за 200 евра), и таа нема ниеден албански елемент, иако половина од репрезентацијата се Албанци. Овде е проблемот, а не дека не ја сакаме.“

„Можеш да зборуваш само за себе, а не за сите, бидејќи јас ја чувствувам и ја сакам оваа држава и оваа репрезентација.“

“Вистина е дека ја сакаме толку колку што не сакаат.“

„Албанецот има чувства само кон Албанија!“

Дебатата меѓу граѓаните на оваа тема во јавноста на ден пред првиот историски меч на едно ЕП само може негативно да влијае на тимскиот дух кој меѓу генералната јавност и меѓу репрезентативците беше на високо ниво во текот на последниве години од почетокот на оваа успешна спортска приказна.

Колумната на Пајазити што ги предизвика реакциите во продолжение

Колумна: „Мнозинство македонски Албанци немаат чувства кон македонската репрезентација“