Агенцијата за храна и ветеринарство, по претставка од граѓанин, ѝ наложила на компанијата Кодинг–Горска да го отповика и повлече производот ,,Горска + Релкс” односно вода со канабис која кон крајот на минатата година се најде во продажба и стана хит помеѓу тинејџерите.
„Претставката е основана. Овој производ не добил никаков вид на одобрување од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Означувањето, презентирањето и претставувањето на производот не се усогласени со законските прописи и се сметаат за измамнички кон потрошувачите“, информираат од Агенцијата.
Во описот беше наведено дека производот е висококвалитетна функционална вода која содржи канабис, истакнувајќи медицински придобивки, пишува „Фокус“.





