Пробугарска организација регистрирана во Македонија организира средби со потенцијални членови Албанци со бугарска самосвест.
Невладината организација ,,Шемето” од селото Лабуништа, Струшко тврди дека Албанци од Македонија кои имаат бугарска самосвест членуваат во пробугарската организација.
,,Помеѓу 21 и 29 Октомври 2022 година се одржаа средби со идните членови на здружението, вклучително и со Албанци со бугарска самосвест”, се вели во извештајот на организацијата Шемето за минатата година.
Организацијата која ја формирале жители на селото Лабуништа меѓу другите свои активности информира дека на 30.10. започнала нова иницијатива на работната група за култура, која има за цел ширење и објавување на анализа за односите меѓу Бугарите и Македонците.
Досега кога се зборуваше за луѓе со бугарска самосвест во Македонија бугарските организации и институции зборуваа за Македонци, ова е прв пат да се зборува за Албанци кои според организацијата имаат бугарска самосвест.





