Пробиен безбедносен протокол на МВР: На Тик-Ток објавени видеа од полициски специјалци

На социјалната мрежа Тик-Ток непознато лице објавило видео снимки од активности на полициски единици а во една од нив се гледа вежба на полициски специјалци.



Објавувањето на видеата според внатрешните правила за тајност на МВР и упатството за користење на социјалните мрежи од страна на припадници на полицијата е сериозно прекршување на правилата и протоколите за внатрешната безбедност на МВР.

Со објавување на видеата може да бидат ставени во опасност припадниците на специјалните единици и нивните семејства.

Според упатството за користење на социјалните мрежи за членовите на МВР не смее да се објавуваат материјали што прикажуваат незаконски активности;
– да не објавува фотографии или видеа во униформа, со оружје,
маскиран, со полициски значки, службени возила или други обележја кои
директно или индиректно имплицираат дека е работник во
Министерството;
– да не објавува фотографии од службените простории (кацеларии и
слично) на Министерството или фотографии од извршени оперативни
задачи;
– да не ја објавува и користи службената маил адреса
(xxx.xxxx@moi.gov.mk), за приватни цели;
– да не објавува информации со степен на класифицираност;
– да не објавува интерни прописи на Министерството и
– да не објавува лични податоци на други вработени во Министерството
или други физички лица.

Кој е човекот што незаконски ги снимил своите колеги и човекот што ги објавил полициските специјалци и со тоа ги ставил во опасност МВР ќе треба допрва да истражува.

Од разбирливи причини expres.mk не ги објавува видеата.