Пробал да пости 40 дена како Исус и – умрел


Свештеникот Франциско Барајах од Мозамбик починал откако се обидел да пости 40 дена, на начин како е опишан постот на Исус во Библијата.



Тој починал во болница во градот Беира, каде што бил префрлен во критична состојба, пишува Би-би-си.

Свештеникот имал само 39 години.

Тој ослабел 25 дена без храна и вода до тој степен што повеќе не можел да стане. Пријателите и роднините инсистирале тој да биде однесен во болница.

Лекарите му дијагностицирале акутна анемија и откажување на органите за варење. Се обидоа да го опорават со течна храна и го рехидрираа со серуми, но немаше никаква корист. Тој почина во средата.

Членовите на црквата Санта Триндад рекоа дека не е невообичаено свештеникот и неговите следбеници да постат, но не толку долго.