Призрен: 9 ранети од фрлена рачна бомба на сточен пазар во Призрен

Рано утрово експлодирала рачна бомба на сточниот пазар во Призрен.



Во експлозијата се повредени девет лица, потврди косовската полиција, пишува N1 Србија.

Повредените лица се пренесени во Ургентниот центар на Подрачната болница Призрен.

Околу 4:50 часот полицијата добила информација за случајот.

Полицијата излегла на местото на настанот, а информиран е и обвинителот. Регионалната истражна единица на Призрен пристигнала на местото на настанот и собира докази и изјави на сведоци. Идентификувани се тројца осомничени и полицијата трага по нив“, изјави Весел Гаши, портпарол на полицијата во Призрен, пренесува порталот Коха.

Засега нема информации за мотивите на случајот, пишува N1 Србија.