Грешка и незнаење на пропагандата на СДСМ, обид за манипулација или признание на владеачката партија дека градоначалници кои победија на локалните избори како кандидати на Бихаќка сега се под контрола на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Ова се две од можностите што произлегуваат од денешното соопштение на СДСМ во кое се вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има контрола на повеќе од 50 општини во Македонија.
,,Резултатите по една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, се над 50 општини во државата ставени под контрола на шпицниот градоначаник Мицкоски”, пишува во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори победи во 43 општини но по конфликтот со двоецот Данела Арсовска (Скопје) и Стевчо Јакимовски (Карпош) остана со 41 градоначалник.

Тоа значи дека според Бихаќка Мицкоски во меѓувреме се стекнал со контрола на уште 9 други општини каде победија кандидати на СДСМ.
Кои се тие 9 општини на СДСМ каде владее Мицкоски во соопштението не пишува.
Во соопштението нема ниту информации дека Мицкоски владее со општини на ДУИ или на Алијанса, БЕСА или ЛДП/ДОМ што упатува на признание на СДСМ дека загубило максимални 9 општини на кои победи на локалните избори.





