Признание од Илинденска: “Сѐ е до квалитетот на владата”

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на маргините на Економскиот Форум Делфи во Атина, оствари средба со поранешниот британски премиер Тони Блер.



“Сѐ е до квалитетот на владите, а на малите земји им требаат глобални погледи за квалитетни решенија” , се вели во соопштението на владата за средбата на која Блер и Заев особен фокус ставиле на справувањето со глобалните предизвици кои ги наметна КОВИД-19 пандемијата.

Заев и Блер се согласија дека вакцинацијата е едно од најдобрите глобални решенија на денешницата и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација.

Во моментов Македонија е на дното според вакцинирани во регионот и Европа.

“Во тој контекст Заев и Блер разговараа за можностите за соработки и инвестиции со глобалната ИТ компанија „Оракл“ во делот на менаџирање со податоци при справувањето со КОВИД-19, односно за ставањето во функција дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет”, пипува во соопштението според кое
Заев и Блер изразија задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство и изразиле надеж дека во иднина пријателството ќе се продлабочи.

Во соопштението од Илинденска не пишува зошто Владата разговара за соработка со ИТ компанијата Оракл преку екс британскиот премиер.

Извор

https://vlada.mk/node/25227