Признание на Софија: Изолирани сме, не успеавме да го објасниме ветото во Брисел

Откако денеска најмалку три членки на ЕУ ги блокираа заклучоците за Проширувањето од Софија доаѓа признание дека Бугарија не успеала да им го објасни своето вето за Македонија на своите партнери и дека е изолирана.



Не успеавме да им го објасниме нашето вето на Македонија на нашите европски партнери.

Ова попладнево го изјави потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова во програмата „Нешто повеќе“ на БНР.

“Разговаравме доволно. Има одлука за бугарската позиција на Претседателскиот консултативен состанок, рамковна позиција на Советот на министри. Немаме разлики во Бугарија. Она што го гледам се два големи недостатоци. Не успеавме да им го објасниме своето вето на нашите европски партнери и останавме изолирани”, изјави Јотова.

Според неа, оваа ситуација не е добра за Бугарија, која го постави политичкото проширување на ЕУ кон Западен Балкан во центарот на нејзиното претседателство.

“Нашата политика во Република Македонија не се мери само со дистрибуција на бугарски пасоши, ниту само со Договорот за соседство. Ние немаме политика за бугарско влијание таму, кза соработка со нашите компании”, додаде Јотова.

Таа посочи дека во поглед на духовноста и културата исто така нема резултатите од бугарската политика.