Во интервју за емисијата Еспресо со Љупчо Златев и Ивица Боцевски на Радио Лидер локален функционер на Левица од Скопје тврди дека градската администрација под управа на Данела Арсовска вработила меѓу 30 и педесет членови на Левица.
Жарко Масларковски чиј брат Дарко е советник на Левица во општина Аеродром вели дека иако се од партија сите вработувања договорени со Арсовска биле според мерит систем затоа што партијата праќала соодветни кадри за вработување во град Скопје.
Тој во интервјуто открива дека кога луѓето на Данела Арсовска почнале да и нудат други работни места на Левица тие одбиле затоа што немале човечки потенцијал и затоа сега Левица работела на создавање на кадри.
Целото интервју со функционерот на Левица
во кој е содржано и признанието за вработување на членови на Левица од страна на службите што ги води градоначалничката Арсовска во видеото од овој линк






