Признание: Бугарската влада финансира антимакедонски медиум во Македонија, Османи и Ковачевски бегаат од Македонците во Бугарија

Повеќе од две години бугарското министерство за надворешни работи финансира медиум што функционира во Македонија а води пропаганда според која македонците имаат бугарски корени а Илинден е бугарско востание.



Ова го открива Атанас Величков кој сега е борец за бугарската кауза а пред 16 години дошол во Македонија како Македонец од Пиринска Македонија барајќи помош од своите браќа Македонци.

Сега Величков го води порталот Трибуна во кој постојано се пропагира дека Македонците настанале од Бугари.

Во интервју за бугарскиот весник Величков признава дека македонскиот медиум кој ги промовира бугарските антимакедонски тези се финансира од бугарската држава со што официјална Софија се меша во внатрешните работи на Македонија.

За тоа време македонските власти на чело со премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи не даваат никаква помош на Македонците во Бугарија.

Во продолжение дел од интервјуто – признание на Величков дека бугарските власти финансираат антимакедонски медиум во земјава

Кажете ми за историјата на „Трибуна. мк“, како се финансирате, имате ли соработници, како опстојувате во овој непријателски медиумски амбиент во земјава?

– „Трибуна“ се појави во светот пред 5 и пол години. Идејата за самиот медиум е моја и на еден од моите најблиски луѓе – господинот Петар Колев. Кум на медиумот е професорот Георги Трендафилов. Многу луѓе ни помогнаа низ годините. Веќе 2 години работиме на проекти на Министерството за надворешни работи на Бугарија, а за тоа да се случи главната заслуга има тимот на бугарската амбасада овде на чело со амбасадорот Ангел Ангелов и неговиот заменик Петар Петров.

Петар Колев е претседател на пробугарската партија ГДУ која на изборите во 2020 доби помалку од 2000 гласа а Трендафилов е екс портпарол во владата на Љубчо Георгиевски.

Величков во интервјуто за Труд покрај признанието дека бугарскиот амбасадор во Македонија директно помага медиум кој објавува антимакедонска пропаганда и со тоа ја крши Виенската конвенција, открива дека планот на Бугарија е со ставањето на Бугарите во уставот да се стави крај на Македонизмот.

Повеќе детали и линк до целото интервју во овој текст

Влезот на бугарите во уставот е прв чекор до крајот на Македонизмот, тврди бугарски новинар од Прилеп