Признаа ли СДСМ и ДУИ дека во Македонија нема надеж и владее неизвесност?

Новогодишната честитка на Владата на Република Македонија упатува дека во земјата денеска нема надеж но и дека членката на НАТО се соочува со неизвесност.



Во светот вообичаена практика е надеж и стабилност во државите да носат властите а за нова година да се посакува среќа, успех и здравје за кое владата во честитката упатува дека граѓаните веќе го имаат иако илјадници љуѓе се разболеа или починаа од Ковид-19.

“Посакувамe новата 2021 година да ни донесе надеж и извесност. Секој од нас да го направи најдоброто за подобра живеачка тука.

Останете во добро здравје! Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани!

Среќна Нова Година!”, стои во новогодишната владина честитка