Ова е одлуката донесена од уставните судии со пет гласа „за“ и два „против“.
Расправата траеше повеќе од еден и пол час, а ја следеше министерот Кренар Лога, јавува Макфакс.
Уставните судии одлучија постапката за упатството да продолжи, а до конечна одлука да има привремена мерка за упатството да не се применува.
Глас „против“ постапката да продолжи имаа Насер Ајдари и Фатмир Скендер.
По ваквата одлука, Лога рече дека сега се отвора Пандорината кутија бидејќи, според него, во многу наврати не било почитувано вметнување графа за етничка припадност.
Упатството на Лога предизвика бурни реакции во јавноста, која се сомневаше дека министерот, заобиколувајќи ги законите, носи одлука, која е противуставна.







