Приведени осуммина за забава во гаража!

Осум лица се приведени откако биле затекнати на забава во подземна гаража во Карпош во 3 часот по полноќ.
„Осумте лица биле затекнати во подземна гаража на улицата „Анкарска“ во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата, при прогласена кризна состојба за забрана за групирање на повеќе од четири лица, а со цел спречување на ширење на коронавирусот“, информираат од МВР.



Лицата на возраст од 26 до 34 години, се уапсени поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.