Осум лица ќе се соочат со кривична пријава по полициската акција за сузбивање на шверц со наркотици што полицијата во текот на вчерашниот ден ја спроведуваше во Арачиново.
„Тоа беше обемна акција којашто се спроведе на територијата на Арачиново. Вчера дадовме известување со податоци коишто можеше да бидат споделени. Со оглед на тоа дека истрагата сѐ уште трае, има и проширување на истрагата. За сите детали коишто може да бидат соопштени до јавноста, ќе бидат соопштени во моментот кога ќе се процени дека нема да се наштети на истрагата или кога целосно ќе ја завршиме оваа истрага“, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.





