Приведени се охридскиот советникна ДУИ Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини.
Тие се спроведени во осум дневен притвор кој им беше одреден поради инцидентот во кој тие физички го нападнале охриѓанецот Спире Топалоски.
Во изминатите денови браќата Усеини беа во бегство и недостапни за полицијата а денес самите се пријавиле во полициска станица.
Во меѓувреме Топаловски преку адвокат го повлеше првичниот исказ дека бил нападнат од Усеини и удрен со кундак од пиштол.





