Приведена Катица Јанева!? (ЖИВО)

Тукушто заврши акцијата за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по наредба на Обвбинителството за организиран криминал и корупција.



Пред домот на Јанева пристигнаа неколку возила на МВР, куќаста беше буквално под опсада, а потоа Јанева во придружба на, веројатно полициски службеници, влезе во едно од возилата.

24 ТВ, која вршеше директен пренос, неофицијално дознава дека Јанева била приведена за распит.

 Јанева, која вчера сведоќеше во ЈО за случајот „Рекет“ е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластуваањата.

Вчера Јанева изјави дека не чувствува никаква вина во врска со овој скандал.

Во текот на денот од Обвинителството е закажана прес-конференција.

https://www.facebook.com/makfax/videos/2400909160166462/