Aктерката Силвија Стојановска попладнево е однесена во Кривичниот суд каде ќе биде изведена пред судија на претходна постапка.
Овие информации неофицијално за Фокус ги потврдија извори од Кривичниот суд.
На социјалните мрежи се споделува дека Стојановска наводно била уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија.
Обвинителството побарало мерка притвор за актерката.
Стојановска е дел од екипата во македонската серија „Фамилијата Марковски“.




