Полицијата го приведе вевчанецот кој на социјалните мрежи постави видео во кое се заканува дека ќе ги убие премиерот Зоран Заев како и претседателот Стево Пендаровски.
Тој на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.






