Приведен тепачот на лекар од Токсикологија

Приведен е 32 годишeн скопјанец против кого, според министерството за внатрешни работи, ќе биде поднесена соодветна пријава откако вчера нападнал и му нанел повреди на лекар од Токсикологија.



Инцидентот се случил кога дежурниот доктор го препратил неговото малолетно дете на педијатрија а таткото го нападнал.

Лекарот со површен хематом и расекотини на главата завршил кај колегите на ургентен, а потоа пуштен на домашно лекување.

Министерот за здравство, Венко Филипче синоќа го осуди инцидентот:

„Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, напиша Филипче на Фејсбук.