Полицијата привела лице кое на Фејсбук ѝ се заканувало со убиство на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, објави „А1он„.
Според билтенот на МВР, на 17.08.2020 гувернерката на ФБ примила порака со заканувачка содржина од профил на лице кое не го познава лично и не е во нејзината група на пријатели.
Според „А1он“, во текот на денот Единицата за насилен криминал го пронашла заканувачот, кој се заканувал дека ќе ја убие гувернерката, а заканите биле поврзани со пропаѓањето на Еуростандард банка.





