Од Обвинителството за организиран криминал соопштиле дека претпладнево бил приведен Орце Камчев откако АНБ доставила извештај дека Камчев се подготвува за бегство, јавува Телма.



Од Обвинителството соопштиле дека во рамките на истрагата за плацевите на Водно, во која е инволвиран и Камчев ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор.

Според нивните информации, Камчев утре требало да оди во обвинителството за да се подготви како сведок на обвинителството во случајот Меѓународен сојуз.

Инаку, Камчев е еден од осомничените во случајот на СЈО под назив „Империја“.