Приведен кумот на Груевски!

Утрово, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата го привела Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски, дознава САКАМДАКАЖАМ.мк. 



Новачевски и неколку други лица се осомничени за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно. 

Обвинителството, покрај Новачевски, за перење пари ги сомничи и екс-премиерот Никола Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. 

Според неофицијални информации, СДК дознавадека плацевите гласеле на нивни фирми.