Приведен еден од двајцата заканувачи во автобус на ЈСП

Еден од двајцата мажи што навредуваа и им се закануваа на патници во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, кои од нив побарале да ги стават заштитните маски на лицето, е приведен, а по вториот се трага, потврдија од Министерството за внатрешни работи.



Неофицијално, приведениот признал дека бил учесник во настанот, од кој видео снимено со мобилен телефон беше споделено на социјалните мрежи.