Компанијата „Слобода Превоз“ во име на сите приватни превозници денеска преку социјаллните мрежи им се извини на граѓаните на Скопје за блокадите на крстосниците кај „Илинденска„ Црвен кртс и Кај Мавровка.
„ Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот. Сите државни институции во Република Македонија во случајов и Град Скопје треба да покажат и не треба истите да бидат пример како не треба да се работи со парите на граѓаните и да се ускратуваат правата на граѓаните во случајот да имаат колабиран градски превоз и да чекаат со саати автобус на автобуските постојки. Ваквото однесување на службите во Град Скопје и самиот градоначалник покажуваат дека воопшто не се грижат за граѓаните туку напротив ги манипулираат – стои во објавата на „Слобода превоз“.
Доколку и денеска протестите на приватните автобуски превозници не помогнат за да се изнајде решение за проблемите со автобускиот превоз, возачите од двете здруженија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ најавија радикализација на протерстите во следните денови.







