По дводневната посета на германскиот претседател Штајнмаер, поради кој е ставен во мирување протестот на превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес, најавено е дека тој ќе продолжи во петок.



На клучните сообраќајници во Скопје ќе бидат паркирани нешто повеќе од 200 автобуси на превозниците од двете здруженија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и на тој начин ќе го „парализираат“ Скопје, најавија превозниците кои му дадоа рок на Градот и на ЈСП да го исплати милионскиот долг кон нив.

– Возачите на автобусите се револтирани. Наместо да се обидеме сите засегнати страни да најдеме соодветно решение за настанатата ситуација, градоначалничката Данела Арсовска шири невистини за нас“, вели првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски, според кој двете приватни компании имаат над 200 автобуси кои ќе ги распоредат на најфрекфрентните места за да го блокираат Градот.