Приватните преку три компании и со 210 автобуси ќе стартуваат од април

Приватните автобуски превозници ќе учествуваат на повикот од Град Скопје да се вратат на линиите кои ги опслужувале пред да започнат со протест минатиот ноември поради неплатениот долг од 1,5 милиони евра.



Тие ќе конкурираат преку три помали фирми и очекуваат на почетокот на април да се вратат на своите работни места.

Превозниците велат дека постапено согласно договорот што го постигнале со градоначалничката Данела Арсовска, односно во повикот да бидат опфатени сите линии и да се вратат сите 210 автобуси на работа.

Пишман-Данела: Тврдеше дека може без приватните, по 3 месеци ги вика да возат

„Сите автобуси ќе бидат подеднакво поделени во три пакети, ние сме многу задоволни што работите тргнаа во таа насока. Утре ќе ја подигнеме тендерската документација за овој јавен повик, ќе видиме што е потребно, ќе ја собереме документацијата и во предвидениот рок ќе ги доставиме документите за да учествуваме на повикот, изјави денеска претставникот на приватните превозници“, Јовица Зафировски.

Повикот ќе биде отворен до 21-ви месецов, по што на 26-ти месецов ќе се отворат понудите и како што рече, се надева дека на почетокот на април ќе се вратат на работа.

На новинарско прашање во однос на долгот, Зафировски повтори дека Град Скопје нема долг кон нив, односно дека долгот е на Јавното сообраќајно претпријатие и дека тоа тековно ќе се решава.

Компаниите „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ не можат учествуваат на новиот повик, а Зафировски информираше дека имаат формирано нови фирми за учество на новиот јавен повик.

„Ќе има три нови фирми, секоја фирма ќе го раководи својот пакет, а пакетите се поделени по пет линии, само еден пакет ќе има шест линии“, рече Зафировски според кој „Слобода превоз„ и „Макекспрес“ немале возачи, туку биле само посредници во процесот.

На прашања за бројот на возачите кои ќе бидат вклучени и дали се вклучени сите кои работеле од порано, Зафировски рече дека нема да остане ниту еден возач на улица и оти за секој пакет е утврдено точно колку возачи ќе треба.