„Приватните“ не возат, ЈСП ќе ги покрива линиите 19, 20, 22 и 54

Поради долгот кој го има Јавното сообраќајно претпријатие кон нив, приватните превозници од „Макекспрес“ денеска не излегоа на редовните автобуски линии.



Станува збор за линиите 19, 20, 52, 54 и 22 кои превезуваат патници од Шуто Оризари, Ржаничино, Волково и Колонија Идризово.

„Во моментот ЈСП „Скопје“ ни должи 30 милиони денари. Ние немаме средства за да ставиме гориво во возилата и поради тоа нашите автобуси од утрово не превезуваат патници“ истакна Милорад Димитриевски од „Макекспрес“.

ЈСП „Скопје“ на овие линии денеска вклучува дополнителен број на автобуси.

ЈСП „Скопје“ од утринава вклучува свои возила на линиите кои ги опслужува „Макекспрес“, односно скопјани не останаа без превоз на линиите на кои вози посочениот приватен превозник, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.