Дел од лекарите што се во првите борбени редови во битката со ковидот се изоставени од власта за финансиска поддршка.
Матичните лекари и здравствен персонал од приватните матични ординации на кои падна најголемиот товар во детерминација на пациентите во рана фаза се разочарани што ги нема меѓу тие што добиваат финанскиска антиковид поддршка од државата.
Според луѓето од првиот фронт во битката против Ковид-19 секаде во соседните држави здравствените власти им дале финансиска поддршка и на лекарите и медицинските сестри од примарното здраство, но тоа не е случај и кај нас.
“Игнорантскиот однос не е добар зашто бројката на вработени во примарно здравство којашто е столбот на целокупниот здравствен систем и огромна.Сметаме дека во време на пандемија со Ковид дадовме и давеме максимална поддршка,работиме со Ковид пациенти, се повикуваат на контрола се закажуваат прегледи, линкот и менаџирањето беше преку примарниот доктор,анкетирањето и алгоритмите за тестирање беа преку матичниот доктор,како и закажување за тестирање. Така што целокупното менаџирање и тријажирање во пандемијата со Ковид паѓа на терет на примарно здравството. Не смее никој да каже дека матичните доктори не работеле и не дале поддршка со Ковид пациентите. Напротив најголемиот број на пациенти коишто се третирани и излекувани паднаа на грбот на матичните доктори и затоа не е во ред да не бидат наградени”, потенцира д-р Лилија Чолакова Дервишова прв човек на македонското здружение на приватни лекари.
Таа посочува дека матичните лекари работат и на испраќање пациенти на комисии, скенирање документи, закажувања, продолжување на нега и боледувања. Огромна е, смета, обврската и работата на секој матичен лекар во вакви услови, пренесуваат повеќе медиуми.
“Телефонското примање повици од пациенти и целовременото наше јавување на телефон и примање огромен број порачки, многу исцрпувачки делува на овој дел од персоналот. Така што е веќе неиздржливо во исто време да прегледувате, во исто време да примате порачки и затоа нешто мора да се направи. Мора да се сочува примарното здравство. Имаме толку многу обврски, а од надлежните досега не ни е дадена никаква поддршка”, реагира Чолакова Дервишова.






