Приватниците нема да блокираат, на повидок нов договор со Град Скопје

Приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, ама кога – се уште не знаат, зашто допрва ќе се реформира јавниот превоз. Ова е епилогот по 4 часовната средба каде на иста маса за прв пат до сега, сенаа приватните превозници со градоначалничката на Скопје. Тие се задоволни од понуденото, но договор се уште не е постигнат. Детали барем за сега не откриваат, но велат добиле совети и надеж дека средбата ќе вроди си плод. Најавија уште една средба кон крајот на оваа недела.



За долгот кој ЈСП го има кон нив, велат, не разговарале во детали, но велат се бараат начин да се вратат во јавниот превоз и да се договараат како и кога ке им бидат исплатени пари за 6 месеци кои им ги должат.

Засега немаат понуда за кои линии треба да возат, ниту кога точно би почнале, но се задоволни од средбата и веат дека треба да следат насоки. Важно е, велат дека блокада на сообраќајот нема да има.

И додека се чека кога приватниците ќе се вратат на скопските улици, подебелиот крај паѓа врз грбот на граѓаните, кои со саати мрзнат чекајќи автобус. Инаку, приватните превозници пред два месеци престанаа да возат, зашто, Градот им ги раскина договорите кои до сега не им се продолжени.