Приватните превозници почнаа да ги повлекуваат автобусите од пред Градското собрание на улицата „Илинденска“.



Ова доаѓа по најавата на премиерот Димитар Ковачевски кој денеска рече дека ќе ги прими на разговор, ако најпрво ги тргнат блокадите.

Во името на „Слобода превоз“, „Макекспрес“ и сите превозници сакам да му се заблагодарам на премиерот Ковачевски кој се одважи и со последната изјава на некој начин се вклучи во решавање на овој проблем, рече денеска Ленин Јовановски најавувајќи дека приватните автобуси попладнево ќе ги повлечат автобусите со кои ја блокираат Илинденска.

Приватните превозници во последните две недели го блокираа Скопје. Минатата недела протестите беа низ целиот град, односно две главни крстосници кај Црвен Крст и кај Мавровка, и цела „Илинденска“, по што во петокот се решија да ги продолжат блокадите само пред Град Скопје.