Приватни автобуси во Скопје не возат поради долг од Градот

Приватните 19-ка, 20-ка, 22-ка, 52-ка и 54-ка наместо на улица, останаа во гаражите поради долг од Град Скопје и ЈСП. На семафорите на автобуските станици низ Чаир и Новоселски пат пишува дека ќе дојдат приватните автобуси, но кога времето ќе помине, нив ги нема. Тоа најмногу создаде незадоволство меѓу граѓаните посебно на линиите 19 и 22, откако тие од утринава престанаа да возат низ Скопје. Граѓаните се незадоволни зашто, капацитетот на автобусите на ЈСП не може целосно да ги покрие приградските места во Скопје, посебно на линијата со број 22.



Приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ имаат еден куп натрупани проблеми и милионски долг, вели за Алфа првиот човек на „Слобода превоз“. Според Ленин Јовановски, Градот им должи 42,5 милиони денари, а со новиот месец ќе дојде нова фактура за октомври и оваа сума ќе се зголеми ако нема нова исплата.

Еве ја целата изјава на Ленин Јовановски.