Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој е во домашен притвор има дозвола од Судот да се одалечува до домот во определени денови од денот поради – здравствени проблеми, јави синоќа „Лидер“.
Рашковски, кој беше еден од најблиските соработници на премерот Зоран Заев, беше виден како се шета слободно во општина Аеродром, а фотографија за тоа беше споделена на социјалните мрежи што предизвика дилеми и серија коментари. Уште повеќе затоа што „Фото-веста“ доаќа десетина дена откако јавноста дозна дека “затвореникот’ Зоран Милевски Кичеец е „на одмор“ поради здравствени проблеми, и тоа откако тој предизвика сообраќајка со еден загинат и 7 повредени на Стража.
Откако веста беше објавена и во медиумите следуваше соопштение од МВР:
„Почитувани, Драги Рашковски има дозвола од Основен кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга.
Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Драги Рашковски ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Драги Рашковски ја почитувал мерката која му е изречена’, изјавија од МВР.






