Полициски службеници ја уапсиле Ж.П.(59) од Скопје, дадилката која беше снимена од безбедносни камери во кафулето Дежаву како малтретира дете.
Случајот го пријавил сопственикот М.А. кој во МВР предал петминутно видео од малтретирањео на тукушто проодено дете.
„Тој пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект, пријавената физичка нападнала малолетно дете. По преземени мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка кај Д.Д.(43) од Скопје и физички го нападнала нејзиниот двегодишен син“, информираат од МВР.




