Основното јавно Обвинителството соопшти дека осомничен 28-годишен скопјанец на 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче со умисла ја лишил од живот својата баба.
„Според првичните сознанија тој ја нападнал бабата удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил“, се вели во соопштението на ОЈО.
Поради постоење опасност осомничениеот да избега, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднел предлог за определување мерка притвор.
Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.






