Насилство од член 364 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот закони, сторил наставникот од Струга кој со „боксирач“ се пресметал вчера со ученик, оцени Основното јавно обвинителство Струга.
Наставвникот вчера околу 12:30 часот, со боксирач удрил во глава удрил ученик на возраст од 18 години.
Физичкиот напад следел по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик.
Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.
Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.
Ученици од гимназијата „Ибрахим Темо“, каде се случил инцидентот, утрово се собраа на протест пред влезот на Основниот суд во Струга по вчерашниот инцидент во кој професор истепал ученик со железен боксирач.
Учениците преку собирот побараа казна за професорот и велат дека не се чувствуваат безбедни. Дел од нив денеска ја бојкотираа и наставата.







